| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се закројуваат лозјата

kroenje-564x272Според православниот календар, денеска е Свети Трифун. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.

Во Тиквешко, исто така, се изведувале богати обичаи што имале цел да обезбедат богат род на оваа култура. Рано наутро лозарите оделе во своите лозја каде што закројуваат неколку лози. Притоа закроените лози ги полевале со вино и благословувале: „Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш“.

По повод празникот Св. Трифун денеска во неколку градови и места низ државата ќе се изврши закројување на лозовите насади.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ќе присуствува на свеченото закројување лози во Неготино.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и министерот за земјоделство на Хрватска, Тихомир Јаковина, пак, по повод Денот на лозарите ќе присуствуваат на традиционалното закројување лозови насади на винарската визба „Валандово“ – Валандово и на винарската визба „Тиквеш“ – локалитет Лепово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top