Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит, а, како што соопшти владината прес-служба, било разговарано за европските интеграции на Република Македонија, за реформите и мерките кои се превземаат во насока на исполнување на пропишаните стандарди, како и за целината на интегративниот процес на државата.
„Премиерот Груевски истакна дека за државава е значајна поддршката која се добива од европските институции и воедно му се заблагодари на известувачот г-дин Ховит за посветеноста и ангажираноста на Европскиот Парламент во контекст на продолжување на напредокот. Премиерот Груевски потенцираше дека државата активно работи на подобрување на процесите и исполнување на нотираните забелешки во последниот извештај на Европската Комисија посочувајќи дека Република Македонија останува целосно подготвена да премине во следната фаза од пристапниот процес. Премиерот Груевски го информираше г-динот Ховит и за активностите и мерките кои се превземаат на полето на економијата, инвестициските вложувања и поттикнување на трговската размена“, се наведува во соопштенито.
Според владината служба за информирање, Ричард Ховит го поздравил напредокот на Македонија, како и мерките кои се превземаат за исполнување на критериумите на планот на евроинтеграциите, изјавувајќи дека треба да се продолжи со нивната доследна имплементација следејќи ги препораките кои се добиваат за нивно ефикасно реализирање.
„Тој ја нагласи поддршката која Република Македонија ја има од Европскиот Парламент за надминување на предизвиците потенцирајќи дека е потребно да се искористат сите прилики кои би довеле до решение на единствената пречка за интегративните процеси на државата, спорот со името“, велат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии