| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ со свечен собир одбележа 67 години постоење

Со Свечен собир денеска во Друштвото на писателите на Македонија беше одбележана 67-годишнината од основањето. За местото и за улогата на Друштвото на писателите во изминатиот период говореше претседателот Раде Силјан, а на средбата беа врачени наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2013 година.
Добитници на високите признанија се: Братислав Ташковски на наградата „Ацо Шопов“ за поезија, Венко Андоновски на наградата „Стале Попов“ за проза, Владимир Мартиновски на наградата „Димитар Митрев“ за критика, Александар Кујунџиски на наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и Делвина Крлуку на наградата „Книжевен мост“ за книга објавена на јазиците на националните заедници во Македонија.
Друштвото на писателите на Македонија е основано во 1947 година. До сега во македонскедонската писателска асоцијација членувале околу 450 писатели од сите генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top