| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК блокирала 192 милиони евра помош за Бугарија

sofia-bugarska540

Европската комисија повторно замрзна фондови за Бугарија поради сомнителни тендери и манипулации со средства на Европската унија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според Ширин Вилер, портпарол на Директоратот за регионална политика при Комисијата, Брисел замрзнал 192 милиони евра што нашиот источен сосед требало да ги добие за оперативна програма во однос на заштита на околината.

– Неделава испративме писмо пред прекинување, со кое ако по два месеци не се реагира, ќе следи одлука за суспензија. Ако прашањата што ги виде Комисијата во однос на менаџирањето на системот и тендерските процеси не се поправат, Директоратот за регионална политика ќе превземе мерки. Важно е дека бугарската национални ревизорски власти потврдија тоа што ние сме го утврдиле на лице место во земјата, што ја потврдува нашата кредибилност во оценката – посочи Вилер.

Портпаролката на Комисијата одби да каже кој е виновен што Бугарија и овој пат, како неколкупати претходно, повторно има средства од Унијата што не ќе може да ги користи поради замрзнување од страна на Брисел, со оглед на сомневање за нерегуларности.

– Не обвинуваме ниту една политичка партија. Ова е прашање со кое се справуваме и се надевам дека ќе се реши – истакна Вилер – потврдувајќи дека овие средства и во случај да не се решан неправилностите, Бугарија нема да ги загуби, но би можеле да бидат преусмерени за други намени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top