| четврток, 6 декември 2018 |

БИБЛ: Куманово по Фајнал фор во Бугарија

Нашиот претставник во главната групна фаза од регионалната кошаркарска лига може на Македонија да и обезбеди континуитет од настапи на завршниците

Кошаркарите на Куманово денеска (18.00) гостуваат во бугарски Самоков и против Рилски Спортист ќе се обидат да дојдат до победа која во голема мера ќе им го отвори патот до завршниот турнир од БИБЛ лигата. Кумановци кои во втората фаза од регионалното натпреварување влегоа со две победи и два порази, што беше идентичено со сите противници, во првата средба пред две седмици славеа во Тиват и си ги зголемија шансите за полуфинале.

Проблем за нашиот претставник е лошата форма демонстрирана во саботниот домашен пораз од Лирија, но кошаркарите на тренерот Љубисав Луковиќ се свесни дека бодовите имаат извонредно значење и со нив ќе имаат безмалку обезбеден настап на завршниот турнир. Македонија има континуитет од учества на екипи на Фајнал фор турнирите од БИБЛ лигата на кои, Работнички пред четири години играше финале, а Фени Индустри беше победник пред две сезони.

 

Главна групна фаза-2 коло:

Рилски Спортист-Куманово (денеска 18.00)

Галил-Кавала (утре 17.30)

Левски- Тиват (утре 19.40)

Табела:

Левски 8

Куманово 8

Кавала 8

Галил 7

Рилски Спортист 7

Тиват 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top