| четврток, 6 декември 2018 |

Единствен пример во Европа: Македонија ги зголеми пензиите

Stavrevski_g3_4

Пензионерите во Македонија од наредниот месец ќе примаат пензии, повисоки за околу 10 евра, пренесува порталот Аналитика. Според него, потпретседателот на македонската влада и министер за финансии, Зоран Ставрески, изјавил дека за таа цел од буџетот ќе бидат издвоени околу 30 милиони евра.

– Со тоа сме единствена земја не само во регионот, туку и во Европа, која во вака тешки времиња, кога се чувствуваат последиците од кризата, не само што ги штити пензионерите, не ја зголемува старосната граница за пензија, туку и ја зголемува пензијата за значаен износ, ако се земе предвид финансиката можност на државата – изјавил Ставрески.

Според неговите зборови, ликвидноста на Буџетот е добра и затоа ќе продолжат и редовната исплата на пензиите и сите буџетски обврски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top