| четврток, 6 декември 2018 |

Прослава на љубовта, книгата и здравјето утре во книжарницата „Матица“

Под мотото „Вљуби се во нас и подари од срце… затоа што убавите нешта одат во пар“, двата македонски бренда Виталиа и Клуб Матица, за празникот на љубовта – Свети Валентин, втора година по ред ви подготвуваат несекојдневно изненадување.
-Од 10 до 14 февруари на љубителите на пишаниот збор и здравиот начин на живот им нудиме неповторливо искуство и уживање во Клуб Матица. Во оваа недела на љубовта со секој купен бестселер следува здраво и вкусно изненадување од „Виталиа“. Напрaвете го овој Валентин незаборавен и подарете им љубов и здравје на вашите најдраги – велат оттаму.
А, на Денот на вљубените, 14 февруари, во Клуб Матица ве покануваме заедно да ги славиме љубовта, здравјето и книгата. Ве очекуваме од 20 часот на чашка вино, добра музика, супер забава и незаборавно дружење!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top