| четврток, 6 декември 2018 |

Mарко Шелич-Марчело на 1 март во клубот „Хавана“

Еден од највлијателните балкански рапери,  мултиталентиранот уметник Марко Шелич, попознат како Марчело, по 3 години повторно во Скопје. На овој концертен настап, покрај со неговите добро познати Филтери, ќе настапи и заедно со Исказ, а домашна поддршка ќе биде свежиот скопски хипхоп-состав „Зад аголот“. Средбата со скопската публика е закажана за 1 март во клубот „Хавана“, со почеток во 23 часот.

Освен песните настанати од пред десетина години, а кои фановите одлично ги знаат, Марчело првпат пред скопската публика во живо ќе ги изведе и некои од песните од неговиот албум „Напет шоу“, кој се очекува да излезе напролет. Албумот беше најавен со сингловите „Пегла“ и „Лага“, кои на Марчеловиот службен канал на „Јутјуб“ во само 2 месеци имаат повеќе од милион прегледи, и веќе се пеат од страна на публиката на неговите настапи низ регионот.

Во последниот негов настап во Скопје во 2011 година во клубот „Хавана“, Марчело го одушеви полниот клуб, а со многуте стари и нови хитови и неговиот извонреден бенд не се сомневаме дека ќе го направи тоа повторно, а преполниот лански самостоен концерт на ЗАД АГОЛОТ во МКЦ е само уште една од причините навреме да ги набавите вашите влезници, особено поради ограничениот капацитет на клубот „Хавана“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top