| четврток, 6 декември 2018 |

Соседите го копираат македонскиот модел за роуд шоу

dacic london

Организирање бизнис-форуми, воспоставување директни контакти со потенцијални инвеститори, правење „турнеи“ во економски моќните земји, промовирање на поволните услови за инвестирање, сѐ со цел да се привлечат поголем број странски инвеститори е стратегијата која во последно време ја употребуваат и владите од соседството, анализира Лидер.мк.

Македонскиот модел на роуд шоу промоција на земјата како одлично место за инвестирање се чини дека е интересна за владите на Србија, Хрватска, Романија, кои во последно време поактивно играат на оваа карта.

Тие се свесни дека роуд шоуата даваат резултати и дека за инвеститорите, посебно за оние големите, многу е важен личниот контакт кој ќе го остварат со високи претставници задолжени за привлекување инвеститори. Според нив, роуд шоуата се ефикасен начин на доближување на поволностите на една земја до потенцијалниот инвеститор и се првиот чекор за привлекување странски инвеститори.

На крајот од минтата година и почетокот на оваа, стратегијата за привлекување на странски инвеститори на Србија беше толку актуелна, што во рок од само еден месец, премиерот Ивица Дачиќ направи „турнеја“ со инвестициски форуми и лични средби во САД и Велика Британија, презентирајќи ја Србија како совршено место за инвестирање на Балканот. Тој посебно внимание посвети на ИТ компаниите од Силициумската долина, каде ја презентираше намерата Србија да стане ИТ центар во регионот.

hrvatski-tim-road-show

Од друга страна, во Лондон, пак тој повеќе се посвети на претставување на Србија, како земја со стабилна политичка ситуација, која интензивно спроведува економски реформи. А поволностите, пак, кои Србија им ги нуди се во зависност од тоа колку инвеститорите вложуваат во земјата, владата им овозможува неповратни средства за секое работно место кое ќе го отворат.

Хрватска од друга страна, играше на картата „две во едно“, па освен што направи роуд шоу низ метрополите од Западот за сопствена презентација како најнова членка на Европскта унија, истовремено организираше и инвестициски форуми на кои ги презентираше поволностите за инвестирање. Најмногу внимание посветија на инвеститорите во Вашингтон, Њујорк и Лондон, на кои им ги прзентираа капацитетите и индустриите во кои можат да вложуваат. Министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак, тогаш ја предупреди јавноста да ги намали високите очекувања, бидејќи парите од инвеститорите не стигнуваат веднаш.

Никој нема веднаш да ни даде пари. Роу шоуата се првиот чекор за привлекување инвестиции, а прв успех ќе биде ако инвеститорите физички ја посетат земјата“, изјави тогаш Врдољак.

Владата на Романија последна го прифати овој тренд. Пред само една недела во Њујорк се одржа „Инвестициски ден на Романија“, форум на којшто присуствуваа повеќе од 80 учесници од 45 инвестициски фондови, сите заедно тешки над 900 милијарди долари. На форумот презентации за инвестициските поволности во Романија одржаа владини претставници, а воедно со заинтересираните инвеститори од фондовите одржаа и состаноци „лице во лице“. Намерата на романската влада беше да им се покаже на инвеститорите од Волстрит кои се можностите за инвестирање во земјата, но и во регионот, а во американските инвестициски фондови и институции тие гледаат добар извор на ликвидност и можност за развој на романскиот пазар.

И додека соседите го копираат македонскиот „роуд шоу“ модел за привлекување странски инвеститори, стратегијата на македонската влада оди еден чекор понатаму. Имено, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, во неодамнешното интервју за „Лидер“, најави дека годинава на промоциите кои ќе се одржат, освен владини претставници ќе има и претставници на странски компании кои ќе го претстават своето инвестициско искуство во земјава.

“Оваа година ке имаме дополнителни дестинации, каде ќе се промовира земјава како одлична дестинација за инвестирање. На тие промоции освен владиниот тим ќе има и претставници на компании веќе присутни во земјава кои ќе дадат свое согледување на искуствата и колку се задоволни со начинот на водење бизнис“, потенцираше Мизо.

Од последните роуд шоуа направени на крајот од минатата година веќе има позитивни импресии. Компании од Америка, Англија и Франција најавија дека наскоро ќе ја посетат Македонија, велат од владата и најавуваат дека со поголем елан, динамика и план, со ваков начин на презентирање продолжуваат и оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top