| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал и Манчестер мирољубиво, Џерард го спаси Ливерпул (видео)

На вчерашните натпревари од 26. коло од Премиер лигата, Арсенал и Манчестер јунајтед одиграа без голови, Тотенхем на гости го декласираше Њукасл (0-4), Стоук и Свонси однесоа по еден бод.

Во дербито на колото, Арсенал и Јунајтед не покажаа игра достојна за англиските великани. Во текот на 90 минути можевме да видиме само две вистински шанси, по една на двете страни преку Жиру и Ван Перси, но Шчезни и Де Геа останаа несовладани. Арсенал со овој бод го задржа второто место на табелата со еден бод помалку од Челси, додека, пак, Јунајтед е седми со 42 бода.

Ливерпул по одличниот натпревар против Арсенал покажа слаба игра против Фулам во Лондон, но со многу среќа дојде до трите бода. Домаќините поведоа по автоголот на Коло Туре, а во 41. минута Даниел Стариџ го израмни резултатот. Во второто полувреме домаќините во 63. минута повторно дојдоа до водство со голот на Ричардсон. На сцена повторно настапи Стариџ, кој во 72. минута го пронајде Кутињо, кој повторно го израмни резултатот. Конечниот резултат го постави Џерард од белата точка во судиското надополнување.

Тотенхем, предводен од Адебајор, кој постигна два гола, победнички мина низ Њукасл. Покрај Адебајор, по еден гол за Тотенхем постигнаа Паулињо и Чадли.

Поради лошото време во северниот дел на Англија одложени беа мечевите Манчестер Сити-Сандерленд и Евертон-Кристал Палас.

Арсенал-Манчестер Јунајтед 0:0
Фулам-Ливерпул 2:3
Стоук-Свонси 1:1
Њукасл-Тотенхем 0:4
ВБА-Челзи 1:1
Кардиф-Астон Вила 0:0
Хал-Саутемптон 0:1
Вест Хем-Норич 2:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top