| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрантите се судрија со полицијата пред претседателската палата во Каиро

Демонстрантите кои денеска протестираа во знак на одбележување на двегодишнината од симнувањето од власт на поранешниот претседател Хосни Мубарак се судрија со полициското обезбедување пред палатата на претседателот Мохамед Морси во Каиро, јавува Танјуг.

Според информациите што ги пренесува агенцијата, неколку илјади демонстранти мирно протестирале против партијата на претседателот која ја обвинуваат за предавство на револуцијата и за обид за монополизација на власта.

Работите излегле од контрола откако десетина момчиња почнале да фрлаат камења кон палатата на претседателот, по што полицијата одговорила со водени топови и солзавци, а потоа ги оддалечила демонстрантите од палатата. Денешните судири биле со помал интензитет од неодамнешните, а националната телевизија ги пренесувала во живо.

Опозицијата бара претседателот да биде изведен пред суд поради смртта на околу 60 демонстранти за време на антивладините протести на 25 јануари годинава. Јавниот обвинител го одбива нивното барање со образложение дека нема доволно докази за да се поврзе шефот на државата со тие смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top