| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ: Во јануари блокирани преку 200 илјади сметки

salteri-ujp-540x272Според најновите податоци на Народна банка, во првиот месец од годинава бројката на блокирани сметки достигна 207 086. Од вкупниот број блокирани сметки, 142 607 се сметки на физички лица, а останатите 64 479 – на фирми. Во јануари, според НБРМ, вкупниот број на блокирани граѓани и фирми изнесувал 94 969 и во споредба со декември бројката е зголемена за речиси 13 000.

Ако се направи споредба со јануари 2013 година, мерењата на Народна банка покажуваат дека во континуитет расте бројот и на блокирани жиро-сметки и на блокирани граѓани и фирми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top