Четиринаесетгодишнo момче е осомничено за испраќање лажна закана за бомба во тетовското училиште Братство Миѓени.
Според полицијата, малолетникот бил поранешен ученик во основното училиште. Истрагата утврдила дека тој од неговиот компјутер ја испратил пораката до десетина наставници во училиштето. Во неа пишувало дека е поставена бомба во дворот и дека ќе биде активирана ако во најскоро време не бидат оставени 100.000 денари во близина на влезот во училиштето.
Откако наставниците ја забележале пораката ги евакуирале учениците и ја известиле полицијата. По извршената проверка било утврдена дека дојавата била лажна. Заканувачот е откриен за неколку часа. Компјутерот му бил одземен и предаден на вештачење. Полицијата ги утврдува и мотивите за испраќањето на пораката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре