
Две момчиња се повредени во тепачка меѓу две групи што се случила вечерва пред Веро Центар во Скопје. Повредените се префрлени во Ургентниот центар, а останатите се приведени.
Според првичните информации на МВР, момчињата најпрво почнале расправија која потоа прераснала во тепачка. Инцидентот се случил пред влезот на Веро Центар, но бидејќи обезбедувањето не успеало да ја смири ситуацијта била побарана помош од полицијата.
На лице место пристигнале неколку тима на полициски Алфи, а потоа и други полициски возила и комбиња. Учесниците во тепачката биле фатени, а во разговорот било утврдено дека се од скопско Батинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


