| четврток, 6 декември 2018 |

Се влошува здравствената состојба на Михаил Шумахер

Mihael-Šumaher1

Здравствената состојба на седумкратниот шампион во Формула 1 се влошува, пишува германски Билд.

Како што јавува весникот, лекарите пред две недели почнаа да го будат од индуцираната кома, му ги укинаа седативите, но Шумахер добил воспаление на белите дробови.

Колку состојбата е сериозна и дали лекарите поради тоа го сопреа процесот на будење никој не сака да коментира, дури ни портпаролот на семејството Шумахер, Сабина Кехм.

– Воспалението на белите дробови е сериозна и опасна болест затоа што телото добива помалку кислород и слабее. Кај пациентите на интензивна нега имунитетот е ослабен, а тоа може да предизвика откажување на органите и смрт, појаснува професорот Хаинцпетер Моецке од клиниката за итна медицина во Хамбург.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top