| четврток, 6 декември 2018 |

Шапката на Мајкл Џексон продадена на аукција во Париз за 8500 евра

Шапката на кралот на поп музиката Мајкл Џексон беше продадена на аукција во Париз за 8500 евра, пренесоа агенциите

A hat, pair of glasses and glove sit on a chair on stage at the Michael Jackson public memorial at the Apollo Theater in New York
Црната шапка е направена во 1984 година. Во внатрешноста има натпис кој гласи дека е направена специјално за Мајкл Џексон.

По концерт во Њујорк на 25-ти август 1984 година Џексон ја подарил капата на изведувачот Џонатан Дејвис.
Почетната нејзината цена на аукцијата во Париз беше 2000 евра, но по кратко наддавање беше продадена за 8500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top