Осум илегални мигранти од Авганистан вечерва се фатени во центарот на Куманово. Според информациите на Република, Авганистанците се превезувале со две возила со кои управувале двајца струмичани. Двете групи претходно најверојатно биле следени од мобилните единици на пограничната полиција, а биле приведени во градскиот парк од погранични полицајци од регионалниот центар Север.
Во акцијата на полицијата се приведени и двајцата струмичани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.