Српскиот шампион Партизан во контролен фудбалски натпревар одигран попладнево во Анталија го совлада македонскиот клуб Работнички со 2-0. „Црно-белите“ од Белград беа подобри, доминираа во текот на целиот меч и со двата гола на Нинковиќ заслужено славеа со два гола разлика.
За Работнички ова беше добар тест во четвртиот контролен натпревар од подготовките во Анталија, а прв меч за составот од Дебар маало одигра Сила Инса, засилувањето на „романтичарите“ од Сенегал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.