Џејд Џегер на Инстаграм објави дека е бремена во шестиот месец. Пресреќна е што ќе го роди своето трето дете и се радува што оваа година ќе се породи и нејзината ќерка Ашиси.
Среќна сум што можам да објавам дека и покрај тоа што оваа година ќе станам баба, шести месец сум бремена, напиша Џејд (42) на Твитер.
Ќерката на Мик Џегер (70) и поранешната манекенка Бионсе Џегер (68) од бракот со Пирс Џексон има две ќерки, Ашиси Лола (21) и Амби Исис (18). Од јануари 2012 година во брак е со ди-цејот Адриан Филари.
Ашиси, која Џејд ја роди кога имала 20 години, моментално исто така е бремена, така што Џејд оваа година ќе стане баба и ќе добие трето дете.
– Кога го повикав Мик и му кажав дека сум бремена, ми честиташе, раскажа Ашиси. Откри, дека дедото секогаш го вика само Мик, затоа што не би му било мило да му рече „деденце“, а сигурна е дека нема да биде особено интересно ни неговото дето да го вика прадедо.
Џејд ја поддржува ќерка си и порача дека мајчинството ќе биде убаво, затоа што тоа е нешто преубаво во што секоја жена ужива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)