Згодни девојки во кабина, во стилот на забавите во Амстердам, ќе го разубават кумановскиот ноќен клуб „Лолипоп“ во сабота 15. февруари на нивата тематска забава која клубот ја нарече „Ред лајт стрит парти“ (Red light street party).
Мотото на забавата е „Доживејте го Амстердам на вистински начин“, а за гостите навистина да ја доживеат возбудата на Амстердам, ќе бидат поставени кабини со атрактивни девојки. Оние кои сакаат да бидат близу до убавиците, ќе можат да си закупат кабина со девојка. За музиката ќе се погрижат диџеите Цобе и Стефано, а стартот е на полноќ со влез од 100 денари.
Оргинална програма нуди клубот и за петок, 14. февруари, во „Антивалентин вечерта”. „Лолипоп” со своите гости ќе го слави Свети Трифун, а сите ќе добијат гратис жолта ракија. Аренби и хип-хоп музика ќе пушта диџеј Бугиман. Во недела, влезот е бесплатен, а е најавено караоке шоу со Аце Морж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.