| четврток, 6 декември 2018 |

Нови протести во БиХ

bosna-navivaci-kaunas-tocka-2013-01

Во БиХ за денеска попладне се најавени нови протести на граѓаните, незадоволни од политичката и социјалната состојба во земјата.

Демонстрантите бараат смена на федералниот премиер Нермин Никшиќ и на ентитетската Влада, но и ревизија на приватизацијата, одземање на нелегално добиениот имот и здравственото осигурување за сите граѓани.

Пратениците во Собранието на кантонот Сараево едногласно на итна седница ја прифатија одлуката на Комисијата за избор и именувања и административни прашања за оставка на кантоналниот премиер Суад Зељковиќ и разрешување на сите министри во кантоналната Влада.

Во Тузла утрово повеќе од стотина работници на некогашмите гиганти „Дита“, „Полихем“, „Гуминг“, „Коњух“, Леарница за челик „Тузла“ и „Тузлапатишта“ се собраа пред Обвинителството на кантонот Тузла, барајќи што е можно побрзо да започне процесот на ревизија на приватизацијата на нивните фирми.

Неформалната група „Пленум на граѓани и граѓанки на Сараево“ денеска ќе го одржи првиот состанок на кој жителите на главниот град на БиХ ќе се обидат да ги усогласат мерките кои треба да се преземат по оставката на Владата на сараевскиот кантон, поднесена под притисок од демонстрантите.

Засега оваа група, покрај оставка на федералната Влада, побара да не се преземаат мерки со кои би се ограничиле мирните протести, како и новата Влада на кантонот Сараево да се состави исклучително врз основа на одлуките на „Пленумот“, кој е формиран по примерот на тузланскиот.

„Пленум на граѓани“ во текот на денов е формиран и во Зеница, со цел новата влада на Зеничко-добојскиот кантон да се формира до 1 март и да биде составена од непартиски лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top