Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, смета дека Македонија не се разликува многу од останатите земји во Западен Балкан на полето на слобода на медиуми и новодонесените закони за медиуми во земјава ги оценува како многу добри.
– Мојата оценка е дека законите за медиуми сега се многу добри. Експертите од мојата канцеларија имаа одлична соработка со властите при нивната подготовка и јас го поздравувам тоа што најголем дел од нашите материјални забелешки беа прифатени. Сега е важно нивното спроведување кое ќе им даде можност на сите да ги оценат ефектите и да видат дали ќе се подобри состојбата со слободата на медиумите во земјата – истакна Мијатовиќ на денешната прес-конференција.
Таа посочи дека на вчерашните средби со премиерот Никола Груевски и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, се разговарало и за спроведувањето на законите со претставниците на медиумската заедница.
– Целосното учество е единствениот начин да се подобри медиумското опкружување без разлика колку е тоа тешко. Позитивно е што медиумската заедница беше консултиранa и зема учество во подготовката на овие закони – рече Мијатовиќ.
Кажа дека е загрижена poради недостиг на солидарност и единство кај медиумската заедница кога се работи за прашања од заеднички интерес.
– Не барам и не размислувам дека мора да се сакате, но мора да најдете заедничка основа да се осврнете на прашањата кои ќе бидат од полза на сите вас. Подготвена сум со мојот тим да помогнам, но мислам дека едниствените кои можат да го решат овој проблем се новинарите и новинарската зедница во Македонија. Целосното учество на сите е единствен начин да се подобри опкружувањето на медиумите – рече Мијатовиќ и порача заеднички да се работи на едно функционално саморегулирачко тело и систем за печатените и интеренет медиумите.
Рече дека е подготвена да понуди помош и во однос на трансформацијата на јавниот радиодифузен сервис и процесот на реформи што таму почнува.
На вчерашните средби, нагласи, го поздравила фактот што Македонија ја декриминализираше клеветата, но додаде дека се уште има голем број случаи во кои казните можат да предизвикаат одредени медиуми да се соочат со уништување. – Тоа е нешто што мора да се смени веднаш, бидејќи може да го доведе во опасност плурализмот на медиумите. Подготвени сме да помогнеме и во овој процес, рече Мијатовиќ.
Во однос на кампањите и огласувањето од страна на јавните органи, посочи дека има проблем кај дистрибуирањето средства и недостиг на транспарентност.
– Тоа може да предизвика проблем за некои со преголема зависност од јавни средства, а за други може да биде област каде е потребна поголема транспарентност и што е можно побрзо подобрување. Со проблемот треба да се справиме веднаш, рече Мијатовиќ – нагласувајќи дека е неопходна целосна транспарентност.
Информира дека вчера го посетила новинарот Томислав Кежаровски и искажа задоволство што нејзините залагања за случајот резултирале со фактот што Томислав е сега дома со неговото семејство и ја очекува апелациската постапка.
Најави дека од македонските власти добила поддршка во септември во Скопје да ја организира најголемата конференција на ОБСЕ во Југоисточна Европа на која ќе се разговара за проблеми кои се важни за целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



