– Сирија ќе остане срцето на арапскиот свет и нема да отстапи од своите принципи и покрај засилените притисоци и различните завери кои не погодуваат не само во Сирија, туку и сите Арапи, изјавил Асад.
Шефот на опозиционата Национална коалиција Ахмед Моаз ал Хатиб пак, рекол дека се уште не добил јасен одговор од Дамаск на својата понуда да почне дијалог. Тој кон крајот на минатиот месец соопшти дека е подготвен за директни преговори со претставниците на режимот кои не ги закрвавиле рацете и тоа под услов да се преговара за смена на Асад.
Претставниците на сирискиот режим соопштија дека поддржуваат разговор, но дека не прифаќаат никакви условувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


