| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Јованова во врска со колегата Хрват (ФОТО)

Македонката актерка Јелена Јованова, која неколку месеци работеше во Хрватска на новата серија „Тајни“ е во врска со актерот и колега од серијата Стјепан Периќ.

jelena jovanova 2

За врската и љубовта која започнала за време на снимањето на серијата пишуват сите хрватски медиуми. Дека навистина се заедно, потврди и Периќ, кој за „Стори“ раскажа дека веќе две месеци не можат да се одделат еден од друг.

– Вистина е, заедно сме. Сречни сме и заљубени – вели 30-годишниот Периќ.

Снимањето на „Тајни“ заврши пред десеттина дена, но и покрај тоа Јелена и Стјепан се неразделни. Хрватската серија, во која за прв пат Македонка имаше главна улога, наскоро ќе се прикажува и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top