Градскиот музеј Крива Паланка, под покривотелство на општината организира неколку настани во еден ден посветени на великанот на Македонската борба за слобода големиот македонски гемиџија, револуционер и политичар Павел Шатев.
Во соработка со Архивот на Македонија, ќе биде ивршена промоција на „Ракописната оставштина на Шатев“, неодамна објавена во издание на издавачката куќа „Македоника“ и Архивот на Македонија, а со финансиска подршка на Министерството за култура. Промотори на едицијата ќе бидат д-р Зоран Тодоровски, Предраг Димовски, Нове Цветановски и Науме Георгиевски.
Истовремено во Галерискиот дел на Градскиот музеј ќе биде поставена изложбата „Павел Шатев 1882 – 1951 – Живот посветен на Македонија“, како гостувачка изложба на соседниот Музеј на град Кратово. Изложбата ќе ја отвори директорот на Музејот на град Кратово , м-р Драган Георгиевски.
Настанот ќе започне со извадок од монологот за Шатев од пиесата „Тврдокорни“ во изведба на актерот Доне Донев од Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст