| четврток, 6 декември 2018 |

Епископ Климент: Сигналот на рускиот патријарх е ветар во македонските едра

ruski patrijarh kiril

Ставот што рускиот патријарх Kирил го искажал на средбата со нашиот претседател Ѓорге Иванов недвосмислено укажува дека има поместување кај руските позиции, оцени епископот хераклејски на МПЦ-ОА, Kлимент за Дневник.

Тој додава дека во наредниот период ќе се види што како резултат може да произлезе од ваквото поместување на позициите на црковна Москва со оглед на тоа што Српската православна црква досега не се согласувала со нечие посредување во македонско-српскиот црковен спор.

– Ова е важен сигнал што е даден во целата ситуација од страна на рускиот патријарх. Тој кажува дека РПЦ сака да се вложи во дијалогот што сега е прекинат и тоа е своевиден ветер во македонските едра во состојбата во која се наоѓаме – смета епископот Kлимент.

Завчера на средбата со претседателот Иванов рускиот патријарх Kирил потенцира дека со обновата на канонскиот статус на МПЦ ќе се обезбеди зачувувањето на македонскиот национален, културен и верски идентитет. Патот до ова, според него, води преку братски дијалог со СПЦ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top