| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО во Брисел

gruevski6

Премиерот Никола Груевски денеска ќе го посети седиштето на НАТО каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Од седиштето на НАТО потврдија дека претседателот на македонската Влада доаѓа на покана на првиот оперативец на Алијансата.

Според официјалното соопштение од НАТО, по средбата Груевски-Расмусен ќе има и заедничка прес-конференција. Средбата доаѓа неколку месеци пред Самитот на Алијансата во Велс, каде се очекува проширувањето да се врати на агендата, при што Македонија е земја што е прва на листата, но не може да и се приклучи на најголемата воено-политичка организација на светот поради блокадите од Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top