| четврток, 6 декември 2018 |

По едно евро оштета за „емоционална болка“ за обожавателите на Џексон

Судот во Орлеан, во централна Франција, денеска пресуди во полза на петте обожаватели на Мајкл Џексон во тужбата против неговиот доктор Конрад  Муреј, кој во 2011 година беше прогласен за виновен за смртта на пејачот.

Обожавателите добија симболичен надомест во вид на отштета од едно евро, затоа што им било признаено дека претрпеле „емоционална болка“ поради смртта на американската поп ѕвезда, пренесува „Гардијан“.

-Колку што знам, ова е прв пат во светот да е признаена емоционалната штета настаната поради смртта на поп ѕвезда- истакна нивниот адвокат.

Тој наведе дека својата тага ја докажале со изјава на сведоци и медицински наоди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top