Во извештајот на „World Ultra Wealth“ за бројот на мултимилјардери во кој се опфатени 45 земји во Европа, Албанија го зазема 37-то место, јави дописникот на МИА од Тирана.
Албанија има 55 мултимилионери кои вкупно тежат над седум милијарди долари. Споредено со минатата година богатството на ултрабогаташите пораснало за 4,1 отсто. Во ова подредување Албанија зад себе ги има оставено Македонија, Бугарија, Црна Гора, Словачка и Кипар.
Во Европа има вкупно 53.440 мултимилионери, што е помала бројка за 1,9 отсто во споредба со минатата година. Нивното вкупно богатство изнесува 6,95 трилиони долари и во споредба со минатата година е помало за 2,7 отсто.
Во Велика Британија има 10.525 ултрабогаташи. Во извештајот се опфатели лица кои поседуваат нето богатство од над 30 милиони долари. Во светот нивниот број во моментот изнесува 187.380 ултрабогаташи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија