Од четири челични столбови на 110 киловолтниот далекувод Гевгелија-Валандово, над гевгелиското село Мрзенци, биле украдени 50 винкли со должина од по три метри, над 100 шрафови со голем пречник и плочки за заземјување, соопшти гевгелискиот Кориснички енерго-центар по направените редовни контроли од страна на екипи на ЕВН.
Штетата е проценета на околу еден милион денари, а деловите од далекуводот се брзо обезбедени и санирани.
Полицијата трага по сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)