Во ситуација кога Дамјан Манчевски е фатен во небрано, се обидува со закани да се извлече од скандалот во кој е заплеткан, реагира ВМРО- ДПМНЕ по денешната прес-конференција на СДСМ.
Како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски со нетрпение ја чека најавената тужба на Манчевски зашто неговата прес-конференција е базирана на факти и јавни документи.
– Дамјан Манчевски повторно одбива да ја прифати одговорноста. Се обидува да се прикаже како жртва зашто добил тендер вреден 22.892.000 денари, според документите објавени на официјалниот сајт на Биро за јавни набавки, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, смешни се оправдувањата и заканите на Дамјан Манчевски дека ќе ја тужи фирмата „Метропаркингплус“ Доо од Скопје затоа што тој се уште стои како лице за контакт.
– Дали тужбата ќе ја достави до самиот себе бидејќи тој е лицето за контакт во фирмата Метропаркингплус Доо Скопје? Зарем ќе се тужи самиот себе затоа што е основач и доскоро сопственик во фирмата или пак ќе ги тужи своите бизнис партнери, наведува ВМРО-ДПМНЕ и воедно прашува дали и други граѓани во Република Македонија можат да добијат тендер за набавка на услуги на паркинг на оператор за зонско паркирање и потоа да се прикажуваат како жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Нов закон за висока раководна служба: Јасни критериуми при изборот и разрешувањето на раководители во институциите
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било


