Ставот на Брисел кон насилното сузбивање на протестите во БиХ покажува дека ЕУ води политика на двојни аршини, изјави шефот на надворешнополитичкиот одбор на Горниот дом на рускиот Парламент, Михаил Маргелов.
– Протестите во БиХ се сузбиваат со насилни акции на полицијата која користи светлечки гранати, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите, но како што јасно се гледа од изјавите на функционерите на ЕУ, Брисел во целост ја поддржа акцијата на полицијата, за разлика од Киев – рече тој.
Според дипломатската логика на ЕУ, во земјите кои имаат амбиции да станат членки на ЕУ, масовните протести треба да се сузбијат. Според стандардите на ЕУ, тие земји имаат добри власти без оглед на тоа какви се тие навистина, истакна Маргелов.
– Во Украина, каде властите се откажаа од потпишување на договор со ЕУ, не е неопходно да се гушат протестите затоа што властите се виновни за се, додека оние кои фрлаат молотови коктели и запалливи бомби исправно постапуваат – истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



