Некогашната детска актерска ѕвезда, Ширли Темпл, која во ’30-тите години од минатиот век стекна светска слава со нејзината глума, танцување и пеење, почина синоќа во својот дом во Вудсајд, Калифорнија на 85-годишна возраст.
Смртта на Темпл ја потврди нејзиниот публицист, Шерил Кејган.
Таа беше најмладата актерка која неја ја примила најважната филмска награда „Оскар“, а првата улога ја добила на возраст од три години.
По својата актерска кариера, Темпл стана активна во политиката и беше амбасадор на САД во Гана и Чехословачка.
Таа остави зад себе три деца, внука и два правнуци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.