| четврток, 6 декември 2018 |

Лигети до второ злато во Шладминг

Американецот е сериозен кандидат за најдобар натпреварувач на СП во алпско скијање бидејќи досега тој е единствениот што освои два златни медала

Најдобриот американски скијач Тед Лигети по пладневниот спуст и особено во вечерниот слалом во Шладминг имаше одлични возења кои му овозможија време од 2,56,96 што беше повеќе од доволно за нова титула во супер комбинацијата бидејќи тоа на крајот беше за секунда и 15 стотинки побрзо од главниот конкурент Ивица Костелиќ од Хрватска. Лигети дојде до златото во мулти дисциплината откако во текот на минатата недела беше најбрз и во супер велеслаломот на СП во алпски дисциплини.

Зад двоецот од кого и се очекуваше да води директна битка за највиското место на подиумот во Шладминг се пласира Ромен Бауман кој заостана 70 стоти делови од секундата, но медалот има тежина бидејќи е прв за домаќините Австријците, во машкиот дел од алпскиот ски мундијал.

По шест трки и во пресрет на техничките дисциплини, САД со двете злата на Лигети и една бронза на Манкусо е најдобра нација на 42 СП во алспко скијање. Утре има тимска трка, а в среда е женскиот велеслалом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top