Лионел Меси ќе биде една од главните теми за време на пролетниот дел од сезоната, сè додека, дефинитивно, не потпише нов договор со Барселона, а во клубот очигледно не брзаат да ги започнат преговорите со Аргентинецот.
– Моментно не е најдобар момент за водење преговори. Пред нашата екипа се клучни натпревари во сезоната и не сакаме да внесуваме немир во тимот на кој било начин. Ќе дојде време за разговор. Меси е најдобриот фудбалер во светот и ги заслужува најдобрите услови во договорот – изјави претседателот Жосеп Марија Бертомеу.
Претходно се зборуваше дека Барселона ќе му ја исполни желбата на Меси, односно платата да му биде еднаква на таа на Роналдо, поточно да добива 18 милиони годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот