Момче и девојка место на печалба во Абу Даби, останале во Македонија, измамени и олеснети за 650 евра, објави „Канал 5“. Парите ги уплатиле во агенцијата „Виза плус“, специјализирана за вработување во странство. За агенцијата разбрале преку интернет и виделе шанса да замине на печалба во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Ако отворите на страницата на „Виза плус“ ќе видите дека понудата е, навистина, одлична и тоа не само за работа туку и за едукација.
Откако парите легнале на сметка, од агенцијата им рекле дека најмногу за три недели девојката ќе биде во Абу Даби. Но, ниту по еден месец девојката не добила никаква понуда. Девојката и нејзиниот свршеник почнале да се сомневаат.
„Виза плус“ била сместена во простории во центарот на Скопје. Денеска нема ниту трага од неа. Соседите за „Канал 5“ изјавиле дека агенцијата добро работела, но во декември врботените се спакувале и си заминале.
Откако пријавиле в полиција, девојката и нејзиното момче, добиле препорака да си поднесат приватна тужба. Според инфомациите на „Канал 5“, на 17 декември „Виза плус“ почнала постапка за ликвидација.
„Виза плус“ на својата страница на „Фејсбук“ има 20.000 фанови. Колку од нив „загризале“ на мамката ќе треба да каже Министерството за труд и за социјална политика, кое ја издало дозволата за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација
-
Тетовка ветувала вработувања во администрација, пет лица останале и без пари и без работа