| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отвора саркофагот на Гоце Делчев?

goce-delcev02

За вечното почивалиште на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ се знае речиси сè, освен, можеби, најважното – кој е автор на паметникот!? Веќе речиси цели седум децении откако во белиот камен саркофаг се ставени коските на Делчев по нивното враќање од Бугарија во 1946 година, трае енигмата за тоа кој, всушност, е уметникот што го смислил и го направил ова обележје длабоко вградено во колективната меморија на целиот македонски народ. Со години траат обидите да се дознае авторството, но залудно.

Во потрага по името на авторот не се исклучува и по цели седум децении да се отвори камениот саркофаг на Делчев. Идејата е со откривањето на капакот да се увиди дали авторот потписот можеби го оставил внатре. Истовремено ова отворање би можело да се искористи и за употребување на најновите технолошки достигнувања што може да дадат одговор на уште една мистерија – дали во саркофагот се сите коски на Делчев или неколку недостигаат. Со испитување на коските на Делчев ќе може да се реконструкција и убиството.

Но, за ваквата идеја допрва треба да се консултираат надлежните институции.

Повеќе на Дневник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top