
Министерот за безбедност на БиХ, Фахрудин Радончиќ, за БиХ радио 1 изјавил дека според важечкиот закон во државата, кој го смета за бесмислен, Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната управа на полицијата, како и другите безбедносни служби во земјата не смеат да го познаат министерството за безбедност со своите оперативни сознанија.
– Дури и овие денови, во драматичните случувања, не добивам ниту еден оперативен податок од која било наша агенција за спроведување на законот, полицијата или разузнавачката служба, ниту, пак, тие се по закон обврзани за такво нешто – вели Радончиќ.
На прашањето што е по дефиниција напад на држава и дали упадот во зградата на државното претседателство и нападот на полицијата, која морала да реагира, може да се смета како напад на државата,тој вели:
– А што ако ви кажам дека ова не е напад на државата туку одбрана на државата. Не е напад на државата ако се урнат две канцеларии во претседателството. Државата е многу посериозна работа. Ова не е удар на уставно-правниот поредок на државата – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


