Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски ги одби обвинувањата на СДСМ дека добил наместен тендер во Куманово, и повика ако има било што незаконско, институциите на системот да го процесуираат случајот.
-Одлуката за избор на најповолен понудувач на тендерот беше обжалена кај Државната комисија за жалби по јавни набавки при Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која го потврди изборот за најповолен понудувач. Доколку имало било што спорно, Државната комисија по жалби за јавни набавки сигурно баш мене немала да ми прогледа низ прсти. Второ, јас повеќе со таа фирма немам ништо. Токму во моментот кога бев избран за потпретседател на СДСМ, самоиницијативно целосно се повлеков од таа фирма. Знам дека тоа е несфатливо за власта, но ете јас тоа го направив. Трето, јас во времето кога е потпишан договорот воопшто не бев политички јавно експонирана личност. И тогаш, а и денес не живеам од политиката, туку сум вработен во приватна фирма, вели Манчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.