Вооружен маж отворил оган во црква на островот Сахалин на рускиот Далечен исток и притоа убил две а ранил шест луѓе, пренесуваат руските медиуми. Засега непознатиот маж упаднал во црквата „Воскресение Христово” соборен храм на Јужно-Сахалинската и Курилската епархија за време на утринската литургија, и истрелал неколку куршуми при што се убиени една монахиња и еден парохјанин.
Мажот, на 25-годишна возраст, кој според првите сознанија работел како приватно обезбедување е уапсен на местото на нападот. Во тек е истрага за откривање на мотивите за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.