| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и Макино со позитивна оценка за досегашната соработка меѓу Македонија и Јапонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска се сретна со парламентарниот заменик министерот за надворешни работи на Јапонија, г-дин Такао Макино. Соговорниците изразија задоволство од трендот на нивното постојано унапредување кое се реализира и преку дијалог на високо ниво, а позитивно била оценета соработката и на билатерален план, и на мултилатерален план во рамките на Обединетите Нации.

DSC_4201

Истакната е значајноста за унапредување на економската соработка, особено на полето на инвестициите, при што премиерот Груевски ги претстави поволностите и предностите кои нашата земја ги овозможува на странските инвеститори за отворање на бизнис и нови работни места во Република Македонија. Премиерот Груевски и заменик министерот Макино дадоа позитивна оценка за досегашната соработка на проектите кои се реализираат во нашата земја, а во кои учествува и јапонската влада, при што беше разговарано и за можностите за воспоставување на дополнителна соработка во оваа насока и на други проекти.

Стана збор и за соработката во областа на образованието при што беше разговарано за искористувањето на јапонските стипендии за студии на македонски студенти во Јапонија, и македонските стипендии за студии на јапонски студенти на Универзитетот „Свети Апостол Павле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top