Ненаплатливите кредити и оваа година ќе останат предизвик за финансиската индустрија во Македонија и во регионот. Со оглед на состојбата во светската економија и трендот на пораст на лоши кредити не запира, но во Македонија, во споредба со регионот, ситуацијата и не е толку алармантна, анализира „Економски лидер“.
Последните податоци на Народната банка на Македонија покажуваат дека македонските граѓани и компании заклучно со ноември 2013 година не можеле редовно да ги плаќаат ратите за кредити во износ од околу 450 милиони евра, односно околу 11,3 проценти од целото кредитно портфолио. Од нив, 345 милиони евра се проблематични за наплата од компаниите, додека, пак, граѓаните не се способни да вратат кредити во износ од 105 милиони евра.
Во однос на крајот од минатата година, кога стапката на нефункционалните кредити кај претпријатијата изнесуваше 12,5 проценти, а кај граѓаните 7,1 проценти, има благо намалување на состојбата на лоши кредити на македонскиот пазар.
Целата анализа овде
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.