| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на директорите за странски инвестиции на Македонија и на Албанија

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) Висар Фида, денеска имаше средба со својот колега од албанската Агенција за странски инвестиции Ардит Колаку.

Како што соопштија од Агенцијата за странски инвестиции, двете држави ја сметаат за значајна тесната соработка за овозможување не само на зголемувањето на бројките во трговката размена и инвестициите, туку  и за создавање поповолна деловна клима.

Колаку е дел од албанската деловна делегација што престојува во посета на Македонија.

Во текот на посетата, албанската делегација ќе има можност да се запознае со моделите за привлекување странски инвестиции, предностите и олеснувањата што ги создава Владата на Македонија, како и помошта што ја нуди Агенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top