Владата годинава ќе ја зголеми поддршката за развој на туризмот со двојно повеќе средства од лани, изјави премиерот Никола Груевски.
– Предвидени се 150 милиони денари во делот на Агенцијата за туризам- најави Груевски, посочувајќи дека надвор од тоа планирани се средства и за меѓународна медиумска промоција.
Охрабрени сме од минатата година, додаде, затоа што имаше 26 отсто пораст на странски туристисти и шест отсто домашни во споредба со 2012 година.
– Тоа покажува дека правецот е добар, истакна премиерот Груевски.
Смета дека тоа е резултат на многу чекори преземени од Владата, меѓу кои се и субвенциите на тур-операторите, кои носат туристи во Македонија, на авиокомпании и меѓународната медиумска промоција на Република Македонија.
– Се разбира, помогнаа и инвестициските промотори, кои освен задачата да ја претставуваат Македонија како бизнис-дестинација, и со закон и со одлука на Влада, имаат добиено задача да ја претставуваат Македонија и како туристичка дестинација – рече Груевски.
Новина е тоа што од оваа година во овој буџет за туристичка промоција се слеваат пари и од игри на среќа.
– Четириесет милиони денари од овие пари ќе бидат директно од игрите на среќа, изјави премиерот.
Претседателот на Владата информираше исто така дека во тек е конкурсот за издавање под концесија на 39 ловишта низ земјата.
– Веќе има објавено конкурс за 39 ловишта од кои 13 се за крупен дивеч, а останатите за ситен дивеч. Во март конкурсот завршува. Ова е добра можност за сите домашни и странски лица кои ги исполнуваат условите и критериумите во законот да се пријават. Оној кој ќе ја добие концесијата е тој кој што најмногу ќе понуди на електронска аукција. Ова е добро за локалниот економски развој и отвора нови работни места – изјави премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии