| четврток, 6 декември 2018 |

Директор на зоолошка нареди немилосрдно да се убие жирафа

Во Европа се случуваат и ненормални работи, а една таква се случи во Данска. Директорот на зоолошкатата градина во Копенхаген нареди – да се убие 18-месечна машка жирафа Мариус, која се смета за бебе.

Причината е поради тоа што постоела опасност од инцест, бидејќи гените што ги имала жирафата се повторувале во 300 други зоолошки градини.

Да ја кастрираат жирафава – тоа било премногу суров метод, пренесува „Билд“. Затоа тие решиле да ја нахранат и потоа да ѝ пукаат со пушка во глава! Откако ја убиле жирафата, пред група луѓе и деца, ја распарчиле на парчиња и на крај месото го дале на лавовите.

zirafa-lavovi

Некој се понудил да плати 500.000 евра за жирафата, зоолошка од Шведска сакала да ја земе, а имало и петиција на интернет и протести за спасување на животното, но директорот останал на своето. Во Европа има нездрави луѓе, а такви со сигурност се и директорот и родителите што си ги однеле децата да гледаат како се убива и распарчува жирафата Мариус.

Голем број на Данци на социјалните мрежи и во медиумите го изразија своето незадоволство, додека, пак, еден од директорите, надлежен за убивањето на Мариус, добил и закани по живот.

Локалното здружение за заштита на животните не ја исклучува можноста за повик на бојкот на зоолошката во Копенхаген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top