Според извештајот на SEC, уделот на акции во сопственост на основачот и извршен директор, Марк Цукерберг, во компанијата „Фејсбук“ сега изнесува 19,6 проценти или 478,9 милиони акции.
Една година претходно, Цукерберг имаше околу 30 проценти од акции. Тој минатата година продаде 2,3 милијарди долари удел во најголемата социјална мрежа, а поголем дел поради плаќање данок.
Поради фактот што вредноста на акциите на Фејсбук речиси двојно се зголемија во 2013 година, најмногу поради довербата на инвеститорите во новата ориентација кон мобилните платформи, имотот на Цукерберг се зголеми за 12,4 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.