| четврток, 6 декември 2018 |

Американци го молат Путин да дозволи посвојување на братот на нивниот син

руски деца во садАмериканска брачна двојка преку руска телевизија побарала рускиот претседател Владимир Путин да направи исклучок на законот за забрана за усвојување руски деца во САД. Американката Рене Томас  побарала да се направи исклучок од законот кој е воведен пред една година бидејќи таа и нејзиниот сопруг во 2008 година посвоиле момче од Русија, а од тогаш прават долгогодишни напори да го посвојат и неговиот брат, кој е во руски дом за деца без родители.

– Кога го посвоивме Џек, бараа од нас да внимаваме на неговите интереси на најдобар можен начин – рекла расплаканата Томас преку руската независна телевизија „Дожд“. Таа изјавила дека интересот на Џек се однесува на соединување со неговиот помал брат Николај.

Во меѓувреме, преку интернет се потпишува и петиција во која се вели дека од 1990 години САД е дом за преку 60 илјади руски дечиња. Се додава дека е трагично детето да расте само, а да знае дека има брат чие семејство го бара за да му овозможи топол дом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top