| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо без мобилните телефони – во просек ги проверуваме по 150 пати дневно

Мобилните телефони се направи без кои многумина би се чувстувале изгубено ако ги немаат. Толкму многу сме зависни од нив, што ги проверуваме на секои шест и пол минути, тврдат научниците. Истражувањата покажале дека мобилниот телефон првпат го погледнуваме уште рано наутро, бидејќи го користиме алармот во нив кој не буди. Пред легнување, повторно го земаме в рака телефонот, да провериме колку е часот. Многумина го користат за проверка на мејлови, прегледување вести на интернет или пак го користат за посета на социјалните мрежи. Истражувањата покажале дека корисниците на паметни телефон во просек ги користат 150 пати на ден за 16 саати колку што се будни. Ист е случајот и со оние кои користат помалку напредни мобилни телефони.

Во просек луѓето, дневно примаат 22 повици, а праќаат 23 пораки, смета Томи Ахонен, консулатант за мобилна технологија.

– Просечните корисници на мобилни телефони се јавуваат трипати дневно. Останатото се пропуштени повици или обиди да најдете некого. Некогаш намерно не се јавувавме некому кој не бара – изјави Ахонен.

Играње игри, менување музија, фотографирање, како и додавање броеви во именикот само го зголемуваат бројот на користење на мобилниот телефон дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top