Словачката бијатлонка Анастасија Кузмина е старо-нова победничка на олимпискиот бијатлон на 7,5 километри.
На патеката во Сочи, Словакињата до златото дојде со време од 21:06.8 минути без промашен куршум.
Второто место и сребрениот медал отиде кај Олга Вилукхина која за 20 секунди беше поспора од победничката.
Бронзениот медал и припадна на Вита Семеренко од Украина, која патеката ја помина со време 21:28.5.
И второ и трето пласираната немаа ниту еден промашен истрел во целта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.