Овој вторник нема да се одржи издание во живо на музичкото шоу „Иксфактор“ поради епидемија на грип, стои на официјалната страна на „Икс-фактор“.
Наместо шоуто задутре ќе се емитува специјално издание наречено „Запознај го својот фаворит“.
Причина за ваквата промена е епидемијата на грип меѓу натпреварувачите и членовите на екипата што го реализира шоуто.
– За жал, епидемијата на грипот моментално владее во „Икс-фактор“, па затоа испланиравме пауза која треба да се случи после половина од емитувањата на лајв изданијата, следното шоу во живо го поместивме само за една недела, се приближуваме до финалето и ова е вистински момент да направиме пресек на нивните досегашни настапи, изјави и впечатоци – стои во соопштението на продукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.